Лука 23:20-25
Лука 23:20-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Пилат сакаше да Го пушти Исуса, па затоа повторно им се обрати на присутните, но тие продолжија да викаат: „Распни Го! Распни Го!“ Пилат по третпат им се обрати: „А какво злосторство извршил? Јас не најдов никаква вина кај Него за да Го осудам на смрт! Затоа, предлагам да биде камшикуван, а потоа ослободен!“ Но тие со голема викотница продолжуваа да бараат Исус да биде распнат и конечно надвладеаја. Пилат реши да го задоволи нивното барање. Им го пушти од затвор човекот чие ослободување го бараа - затвореникот за бунт и убиство - а Исуса им Го препушти на нивната волја.
Лука 23:20-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исус. Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“ Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Него ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го камшикувам и ќе Го пуштам.“ Но сите постојано настојуваа со голем вик и бараа да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на првосвештениците. И Пилат одлучи да го исполни нивното барање, па им го пушти затвореникот кој беше во темница заради бунт и убиство, оној за кого молеа; и Исус им го предаде на нивната волја.
Лука 23:20-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Пилат им се обрати пак, сакајќи да Го ослободи Исуса; но тие викаа, велејќи: „Распни Го! Распни!“ А тој им рече по третпат: „Та какво зло направил? Јас не најдов во Него ништо, што заслужува смрт. Затоа ќе Го ослободам, откако ќе Го казнам.“ Но тие навалуваа со голема викотница и бараа да биде распнат; а викањето на нив и на свеште-ничките главатари беше сѐ посилно. Тогаш Пилат одлучи да го исполни нивното барање. И им го пушти оној, кого го бараа, а кој беше фрлен во темница заради бунт и убиство; а Исуса им Го предаде на нивна волја.