Лука 22:69-71
Лука 22:69-71 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но отсега Јас, Синот Човечки, ќе седам оддесно на Семоќниот Бог.“ А тие во еден глас Му рекоа: „Тогаш, значи, Ти тврдиш дека си Божјиот Син, зар не?“ Тој им одговори: „Да! Вие самите рековте дека Јас сум Тој“. Тогаш, тие рекоа: „Зар ни треба поголем доказ од овој!? Самите чувме што рече!“
Сподели
Прочитај Лука 22Лука 22:69-71 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на силата Божја.“ И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Синот Божји?“ А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“ А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Неговата уста.“
Сподели
Прочитај Лука 22Лука 22:69-71 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но отсега Човечкиот Син ќе седи од-десно на Божјата Сила.“ Тие сите рекоа: „Значи, Ти си Божји Син?“ Тој пак им рече: „Вие велите дека Сум Јас.“ А тие рекоа: „Зошто ни е потребно уште сведоштво. Самите чувме од Неговата уста.“
Сподели
Прочитај Лука 22