Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 22:29-36

Лука 22:29-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство, за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израелови колена.“ И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пче­ница; но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога еднаш ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“ А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт.“ Но Тој му рече: „Ти велам, Петре, уште пред да запее денес петелот, ти трипати ќе потврдиш дека не Ме познаваш.“ Па им рече: „Кога ве праќав без ќе­се, и без торба, и без обувки, дали ви не­достасуваше нешто?“ Тие одговорија: „Ништо.“ И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и нека си купи нож

Лука 22:29-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

И, еве, Јас ви давам царска чест, како што и небесниот Татко ми ја даде Мене. Вие ќе јадете и ќе пиете на Мојата трпеза, во Царството Мое, ќе седите на престоли и ќе им судите на дванаесетте израелски племиња.“ Исус продолжи: „Симоне, Симоне! Еве, Сатаната побара дозвола да ве искуша сите. Тој ќе се обиде да ве просее, како што земјоделецот ја просејува пченицата. А Јас се молев за тебе, Симоне, да не потклекнеш во твојата вера. Така и ти, кога повторно ќе се вратиш кај Мене, поткрепувај ги своите пријатели христијани!“ Петар одговори: „Господе! Јас сум готов да одам со Тебе и во затвор и во смрт!“ Но Исус му рече: „Еве, ти кажувам, Петре, пред да запеат петлите в зори, ти трипати ќе одрекуваш дека воопшто Ме познаваш!“ Потоа Исус ги праша Своите ученици: „Кога ве испратив на претходната мисија без ќесиња, без торби и чевли, дали бевте во скудност за нешто?“ Тие Му одговорија: „Не, за ништо!“ Но овојпат ви велам: „Кој има ќесе или торба, нека ги земе со себе; и кој нема меч, нека си го продаде палтото и нека си купи меч.

Лука 22:29-36 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И Јас ви го определувам Царството, како што Мојот Татко Ми го определи Мене, за да јадете и да пиете на Мојата трпеза, во Моето Царство, и да седите на престоли и да им судите на дванаесетте Израелеви племиња.“ “И рече Господ: Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица, но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. 33 А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!“ А тој Му одговори: „Гос-поди, готов сум да одам со Тебе и во темница и во смрт.“ А Тој рече: „Ти велам, Петре, денес не ќе пропее петел, додека трипати не се одречеш дека Ме познаваш!“ Уште им рече: „Кога ве пратив без ќесе и без торба и обувки, дали ви недостасуваше нешто?“ А тие рекоа: „Ништо!“ И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека го земе; исто така и торба; а кој нема нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност