Лука 22:24-26
Лука 22:24-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Меѓу учениците на Исус настана расправија околу тоа кој од нив ќе биде на највисока позиција. А Исус им рече: „Царевите на другите народи владеат над своите народи и сакаат да бидат нарекувани ,Народни добротвори.‘ Но меѓу вас не смее да биде така! Напротив, најголемиот меѓу вас треба да се потчини како да е најмлад; водачот треба да ви служи.
Лука 22:24-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А се појави меѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем. Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори. Вие, пак, немојте така; но поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слуга.
Лука 22:24-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А настана и препирка меѓу нив за тоа кој е од нив поголем. А Тој им рече: „Царевите на народите владеат над нив, а оние, кои управуваат над нив се викаат добротвори. А вие, немојте така! Но, поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, а старешината како служителот.