Лука 20:46-47
Лука 20:46-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Чувајте се од вероучителите кои сакаат да шетаат во своите долги облеки и да бидат поздравувани на јавните места; да седат на челните места по синагогите и на почесните места на гозбите! Тие ги искористуваат вдовиците и ги ограбуваат нивните домови, а потоа редат долги молитви! Затоа, тие ќе бидат посурово казнети!“
Лука 20:46-47 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Чувајте се од книжниците што милуваат да одат променети и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите; што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“
Лука 20:46-47 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Чувајте се од книж-ниците, кои сакаат да одат во долги облеки, на кои им се мили: поздравите на јавни места; првите места во синагогите и челните места на гозбите! Кои ги изедуваат домовите на вдовиците, и лажно се молат долго. Тие ќе добијат поголема пресуда!“