Лука 2:29-34
Лука 2:29-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Господе, сега можам спокојно да умрам зашто Ти го одржа Своето ветување. Моите очи Го видоа Спасителот, Кого Ти Го испрати за сите народи. Тој е Светлина што на народите ќе им го открие Бога и ќе Му донесе слава на Твојот народ, Израел!“ А Јосиф и Марија се восхитуваа од овие зборови искажани за Исус. Тогаш Симон ги благослови, и и рече на Марија, мајката на Детето: „Ова Детенце е избрано од Господ да собори и да подигне мнозина во Израел; ќе биде знак против кој луѓето ќе зборуваат
Лука 2:29-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој, зашто очите мои го видоа спасението Твое што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израел.“ А Јосиф и мајка Му се восхитуваа на она што зборуваше за Него. Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: „Еве, Овој е поставен за паѓање и издигнување на мнозина во Израел, и е знак против Кого ќе се говори.
Лука 2:29-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа Твоето спасение, кое го приготви пред лицето на сите луѓе, светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел.“ А Јосиф и мајка Му се чудеа на она, што зборуваше за Него. И Симеон ги благослови и ѝ рече на Неговата мајка Марија: „Гледај! Овој е поставен за паѓање и подигање на мнозина во Израел, и знак на кој ќе му се противат