Лука 2:28-32
Лука 2:28-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Симон Го зеде Детето в раце и упати благодарност кон Бог, велејќи: „Господе, сега можам спокојно да умрам зашто Ти го одржа Своето ветување. Моите очи Го видоа Спасителот, Кого Ти Го испрати за сите народи. Тој е Светлина што на народите ќе им го открие Бога и ќе Му донесе слава на Твојот народ, Израел!“
Лука 2:28-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
тој Го зеде во своите раце, Го благослови Бога и рече: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Господаре, според зборот Твој, зашто очите мои го видоа спасението Твое што си го приготвил пред лицето на сите народи; светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израел.“
Лука 2:28-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Го зеде на своите раце, Го благослови Бога и рече: “Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа Твоето спасение, кое го приготви пред лицето на сите луѓе, светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел.“