Лука 2:25-27
Лука 2:25-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во тоа време, во Ерусалим живееше еден човек по име Симон. Тој беше добар и богобојазлив, исполнет со Светиот Дух, и Го очекуваше Месијата Кој ќе го избави Израел. Симон беше добил уверување од Светиот Дух дека нема да умре додека не Го види Месијата, ветен од Господ. Поттикнат од Светиот Дух, Симон дојде во храмот токму кога родителите Го донесоа Детето Исус, за да Го посветат, согласно со она што беше пропишано со Мојсеевиот Закон.
Лука 2:25-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А во Ерусалим живееше тогаш еден човек по име Симеон; и тој човек, кој беше праведен и благочестив, ја очекуваше утехата Израелова; и Светиот Дух беше на него. Нему Светиот Дух му беше прорекол дека нема да види смрт, додека не Го види Христос Господов. И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа детето Исус за да го извршат со Него она што беше вообичаено, според Законот
Лука 2:25-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И ете, во Ерусалим живееше човек по име Симеон, и тоа човек праведен и благочестив, кој ја чекаше Израелевата утеха; и Светиот Дух беше над него. Нему Светиот Дух му прорече дека нема да види смрт, додека не Го види Христа Господов. И вдахновен од Светиот Дух дојде во Храмот; и кога родителите Го внесоа Детенцето Исус, за да го извршат врз Него обичајот на Законот