Лука 2:17-20
Лука 2:17-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А штом го видоа, соопштија за претскажувањето што им беше речено за Тоа Дете. И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите. А Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое. И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено.
Лука 2:17-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Откако Го видоа, на сите им раскажуваа за сето она што им го беше рекол ангелот за Детето. Сите што го слушаа ова од пастирите, се восхитуваа, а Марија ги запамети сите тие зборови и често размислуваше за нив. Потоа пастирите се вратија, пеејќи Му славопојки на Бог за сето она што го слушнаа и видоа, зашто сe беше точно така како што им кажа ангелот.
Лука 2:17-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А штом видоа, кажаа сѐ што им беше речено за Детенцето. И сите кои чуја, се восхитуваа на она, што пастирите им го рекоа. А Марија ги помнеше сите овие зборови и размислуваше за нив во своето срце. И пастирите се вратија, славејќи Го и фалејќи Го Бога, за сѐ што чуја и видоа, онака како што им беше речено.