Лука 2:16-21
Лука 2:16-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Отидоа брзајќи и ги најдоа Марија и Јосиф со Новороденчето кое лежеше во јаслите. Откако Го видоа, на сите им раскажуваа за сето она што им го беше рекол ангелот за Детето. Сите што го слушаа ова од пастирите, се восхитуваа, а Марија ги запамети сите тие зборови и често размислуваше за нив. Потоа пастирите се вратија, пеејќи Му славопојки на Бог за сето она што го слушнаа и видоа, зашто сe беше точно така како што им кажа ангелот. На осмиот ден, при обрежувањето, на Новороденчето Му беше дадено името Исус, како што Го беше нарекол ангелот уште пред да биде зачнат.
Лука 2:16-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосиф со Младенецот кој лежеше во јасли. А штом го видоа, соопштија за претскажувањето што им беше речено за Тоа Дете. И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите. А Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое. И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено. А кога се навршија осум дена и Детето требаше да Го обрезат, Му дадоа име Исус, како што беше наречено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.
Лука 2:16-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И брзајќи дојдоа и ги најдоа: Марија и Јосифа, и Дете-нцето како лежи во јаслите. А штом видоа, кажаа сѐ што им беше речено за Детенцето. И сите кои чуја, се восхитуваа на она, што пастирите им го рекоа. А Марија ги помнеше сите овие зборови и размислуваше за нив во своето срце. И пастирите се вратија, славејќи Го и фалејќи Го Бога, за сѐ што чуја и видоа, онака како што им беше речено. И кога навршија осум дена, за Неговото обрезание, Му го дадоа името Исус, како што Го нарече ангелот, пред да биде зачнат во утробата.