Лука 2:11-14
Лука 2:11-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Денес, во Давидовиот град, во Витлеем, ви се роди Спасителот - Месијата, Господ. Доказ за ова ќе ви биде следното: во јаслите ќе најдете Новороденче во повој.“ Вчасот, на ангелот му се придружија голем број ангели од небото, кои Го славеа Бога пеејќи: „Слава на Бог во небесата, а на Земјата мир за луѓето над кои почива Неговата благонаклоност!“
Лука 2:11-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.“ И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“
Лука 2:11-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ. И ова ви е знак: ќе најдете Младенче повиено, како лежи во јасли!“ И одеднаш со ангелот се најде мно-жество небесно воинство, кое Го фалеше Бога, велејќи: “Слава на Бога во висините и на земјата мир, во луѓето добра волја!“