Лука 19:11-27
Лука 19:11-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека набргу ќе се појави царството Божјо, па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати. Тогаш ги повика своите десет слуги, им даде десет мини и им рече: ‚Тргувајте со нив, додека да се вратам!‘ Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‚Нејќеме тој да царува над нас.‘ А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им ги беше дал парите, за да види, кој колку спечалил. Дојде првиот и му рече: ‚Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘ И му рече: ‚Добро, верен слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘ Дојде вториот и рече: ‚Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘ А тој и нему му рече: ‚И ти биди – над пет градови.‘ И друг дојде, велејќи: ‚Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував в крпа, зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш, каде што не си сеел.‘ А господарот му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум жесток човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам, каде што не сум сеел; тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците, та кога ќе се вратам, да си го соберам сосе добивка?‘ Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘ И му рекоа: ‚Господаре, тој има десет мини!‘ Ви велам дека секому што има ќе му се придаде; а од оној што нема, ќе му се одземе и она што го има. А оние мои непријатели, што не сакаат да царувам над нив, доведете ги тука и погубете ги пред мене!“
Лука 19:11-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Додека народот го слушаше ова излагање, Исус во продолжение им раскажа уште една споредба. Причината беше тоа што луѓето мислеа дека сега ќе биде воспоставено Божјото царство, бидејќи Исус веќе се приближуваше кон Ерусалим. Тој им рече: “Еден човек, од благородничко потекло, се упати во една далечна земја, каде што требаше да биде прогласен за цар, а потоа планираше да се врати. Пред да замине, тој ги повика своите десет слуги, им даде десет големи сребреници, па им рече: ,Тргувајте со овие пари додека се вратам.‘ Неговите сограѓани го мразеа овој човек и по него испратија гласници да порачаат: ,Не сакаме тој да царува над нас!‘ Човекот сепак беше прогласен за цар и се врати во својот крај. Веднаш заповеда да ги повикаат слугите на кои им ги беше дал парите, за да чуе кој колку спечалил. Дојде првиот и му рече: ,Господару! Со твојот сребреник спечалив уште десет сребреници!‘ Господарот му одговори: ,Одлично! Ти си добар слуга! И бидејќи ја оправда довербата во оваа мала задача, еве, те поставувам за управител над десет градови!‘ Дојде вториот слуга и му рече: ,Господару! Со твојот сребреник спечалив уште пет сребреници!‘ Господарот и нему му одговори: ,Тебе те поставувам за управител над пет градови!‘ Дојде и третиот слуга и рече: ,Господару! Еве ти го назад твојот сребреник. Го чував врзан во шамиче, зашто се плашев од тебе, знаејќи дека си строг човек: земаш од каде што не си вложил и жнееш каде што не си сеел!‘ Но Господарот му рече: ,Расипан слуго! Твоите зборови ќе ги искористам за да те осудам! Кога си знаел дека сум строг човек и дека земам од каде што не сум вложил и жнеам каде што не сум сеел, зошто не го вложи мојот сребреник во некоја банка, па кога ќе се вратев, ќе си го подигнев со камата!?‘ Потоа, господарот им рече на оние околу него: ,Земете го сребреникот од него и дајте му го на оној што има десет сребреници!‘ Тие му рекоа: ,Господару, тој веќе има десет сребреници!‘ Но тој им одговори: ,Ве уверувам, дека, на оној што веќе има спечалено нешто, ќе му се даде уште, а од оној што нема спечалено ништо, ќе му се одземе и тоа што го има! А сега, доведете ги и погубете ги пред мене сите мои непријатели, кои се противеа на моето царување над нив!‘“
Лука 19:11-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога тие го слушаа тоа, им кажа една парабола, зашто беа близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјото Царство ќе се појави веднаш. И рече: „Некој благо-родник замина во далечна земја, за да прими царство за себе и да се врати. Откако ги повика своите десет слуги, им даде десет сребреници и им рече: „Тргувајте додека се вратам!“ Но неговите граѓани го мразеа и испратија по него пратеници да кажат: „Неј-ќеме тој да царува над нас.“ А кога се врати, по примањето на царството - заповеда да му ги повикаат оние слуги, на кои им беше дал сребро, за да види кој колку спечалил. Така, првиот дојде и рече: ‘Господару, твојот сребреник донесе десет сребреници.’ И му рече: ‘Убаво, добар слуго, зашто беше верен во нешто сосем мало, имај власт над десет градови.’ Дојде и друг и рече: ‘Господару, еве го твојот сребреник, донесе пет сребреници.’ Му рече и на овој: ‘И ти биди над пет градови!’ Дојде и друг и рече: ‘Господару, еве го твојот сребреник, што го чував во крпче, зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш што не си оставил и жнееш што не си посеал!’ Му рече: ‘Зол слуго, ќе ти судам според твоите зборови. Знаеше дека сум строг човек, дека земам што не сум оставил и дека жнеам што не сум посеал; зашто тогаш не ги вложи моите сребреници при трговците, и јас по доаѓањето ќе ги примев со добивка?’ А на оние, кои беа присутни им рече: ‘Одземете му го сребреникот и дајте му го на оној, кој има десет!’ Тогаш му рекоа: ‘Господаре, тој има десет!’ Ви велам, дека ќе му се даде на секој, кој има; а на оној, кој нема ќе му се одземе и она што има. А оние мои непријатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене!“