Лука 18:1-3
Лука 18:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус им ја кажа следнава споредба, за да им покаже дека треба постојано да се молат и да не се обесхрабруваат. „Во еден град имаше судија кој немаше ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето. Во истиот град имаше и една вдовица, која честопати доаѓаше кај него и го молеше: ,Заштити ме од мојот противник!‘
Лука 18:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Им кажа и една парабола за тоа како е потребно секогаш да се молат и да не паѓаат со духот. И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше. Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заштити ме од мојот противник!‘
Лука 18:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А им кажа парабола како треба секогаш да се молат и да не се обесхрабруваат. И рече: „Во еден град беше некој судија, кој не се боеше од Бога, и не се грижеше за луѓето. А во истиот град имаше и една вдовица, која доаѓаше при него и му се молеше: ‘Заштити ме од мојот противник!’