Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 15:8-32

Лука 15:8-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

„Ако една жена има низа од десет сребреници и загуби еден од нив, нема ли да запали светло, да ја измете целата куќа и да го бара сребреникот, сe додека не го најде? Па кога ќе го најде, ги повикува пријателките и сосетките и им вели: ,Радосна сум што си го најдов сребреникот! Ајде да го прославиме тоа заедно!‘ Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог.“ Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина. Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот. По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат. Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија. Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите. Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам! Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘ Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна. Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘ Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете! Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова, зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата. Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри, па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува. ,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘ Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли. Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите. А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘ Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое. Но треба да се радуваме и да прославиме, зашто брат ти беше мртов и оживе; беше загубен, но сега е најден.‘“

Лука 15:8-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Или која жена, ако има десет драхми, и ако загуби една, нема да запали светило и да ја измете куќата, и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде? А штом ќе ја најде, ќе повика прија­тели и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘ Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.“ И рече: „Еден човек имаше два си­на. Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми при­паѓа од имотот!‘ И таткото им го раз­де­ли имотот. По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши сѐ, настана го­лем глад во таа земја и тој се најде во мака; па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи. И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: ‚Кол­ку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад. Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од сво­ите наемници.“‘ Па стана и отиде кај татка си. И ко­га беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘ А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па доведете едно згоено теле и за­ко­лете го; да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И поч­наа да се веселат. А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и извици. И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘ А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘ Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и ни­когаш не ја прекршив твојата за­по­вед; и мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели; а кога дојде овој твој син, што го упро­пасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘ А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое; но требаше да се зарадуваме и раз­веселиме, зашто овој твој брат беше мр­тов и оживе, изгубен беше и се најде.‘“

Лука 15:8-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“Или која жена, ако има десет драхми и изгуби една драхма, нема да запали светилка, и не ја мете куќата, и не ја бара внимателно, додека не ја најде? А кога ќе ја најде, ќе ги повика пријателките и сосетките и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов драхмата, што ја изгубив!’ Така, ви велам, се радуваат Божјите ан-гели, заради еден грешник, кој се кае.“ И рече: „Некој човек имаше два сина. И помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај ми го делот од имотот, што ми припаѓа!’ И тој им го раздели имотот. А по неколку дена помладиот син собра сѐ свое и отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно. Кога потро-ши сѐ, настана голема глад во онаа земја, и тој се најде во скудност. И отиде и се прилепи при еден човек на онаа земја, тој го испрати на своите полиња, за да ги пасе свињите. И сакаше да го наполни својот желудник со лушпи, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. А кога дојде на себеси, рече: ‘Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилство, а јас умирам од глад тука! Ќе станам и ќе отидам при татка си, и ќе му речам: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!’ И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше. А синот му рече: ‘Татко, зрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син!’ Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете. Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен - и се најде.’ И почнаа да се веселат. А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и ѝ се приближи на куќата, чу песна и играње; па повика еден од слугите и го праша што е тоа. А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’ Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли. А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели. А кога дојде овој твој син, кој го растури твојот имот со блудници, му закла згоено теле!’ Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и сѐ што е мое - е твое; но требаше да се веселиме и да се радуваме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе; беше изгубен и се најде.’“