Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 15:25-32

Лука 15:25-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри, па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува. ,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘ Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли. Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите. А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘ Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое. Но треба да се радуваме и да прославиме, зашто брат ти беше мртов и оживе; беше загубен, но сега е најден.‘“

Лука 15:25-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до ку­ќата, слушна песни и извици. И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘ А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘ Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и ни­когаш не ја прекршив твојата за­по­вед; и мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели; а кога дојде овој твој син, што го упро­пасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘ А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое; но требаше да се зарадуваме и раз­веселиме, зашто овој твој брат беше мр­тов и оживе, изгубен беше и се најде.‘“

Лука 15:25-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и ѝ се приближи на куќата, чу песна и играње; па повика еден од слугите и го праша што е тоа. А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’ Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли. А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели. А кога дојде овој твој син, кој го растури твојот имот со блудници, му закла згоено теле!’ Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и сѐ што е мое - е твое; но требаше да се веселиме и да се радуваме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе; беше изгубен и се најде.’“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност