Лука 15:25-29
Лука 15:25-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри, па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува. ,Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘ Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли. Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите.
Лука 15:25-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, слушна песни и извици. И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘ А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘ Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед; и мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели
Лука 15:25-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и ѝ се приближи на куќата, чу песна и играње; па повика еден од слугите и го праша што е тоа. А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’ Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли. А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели.