Лука 15:20-24
Лука 15:20-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па стана и отиде кај татка си. И кога беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘ А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па доведете едно згоено теле и заколете го; да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И почнаа да се веселат.
Лука 15:20-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна. Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘ Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете! Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова, зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.
Лука 15:20-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше. А синот му рече: ‘Татко, зрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син!’ Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете. Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме, зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен - и се најде.’ И почнаа да се веселат.