Лука 12:22-27
Лука 12:22-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа Исус им се обрати на Своите ученици: „Затоа ви велам: не грижете се премногу за храната и за облеката што ви е потребна. Животот е многу повеќе од храната, и телото - од облеката. Гледајте ги гавраните: ни сеат, ни жнеат, ниту имаат амбари и складови; нив Бог ги храни. А колку поскапоцени од птиците сте вие! Може ли некој да си го продолжи животот преку грижи? Па, ако не можете да постигнете ни толку мала работа, тогаш, зошто се грижите за останатото!? Погледнете како растат полските цвеќиња: ниту работат, ниту предат, па, сепак, ви велам дека ни царот Соломон, во блесокот на својата слава, не беше накитен како едно од нив!
Лука 12:22-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И им рече на учениците Свои: „Затоа ви велам: не грижете се за душата своја што ќе јадете, ниту за телото свое што ќе облечете. Зашто душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеката. Погледајте ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците? Мисли ли некој од вас дека, ако се грижи, може да му додаде еден лакт на својот раст? И така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зошто се грижите за друго? Погледајте ги лилјаните како растат! Ниту се трудат, ниту предат; но ви велам дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив.
Лука 12:22-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Уште им рече на Своите ученици: „Затоа ви велам: не грижете се за својата душа - што ќе јадете; ниту за телото свое - што ќе облечете; зашто душата е повеќе од храната, а телото од облеката. Погледнете ги гавраните како ни сејат, ни жнијат; немаат ни скривалишта, ни житници, а Бог ги храни. Колку повеќе вредите од птиците! А кој од вас може - грижејќи се - да му додаде еден лакот на својот раст? И така, ако не можете да го направите ни најмалото, зошто се грижите за другото? Погледнете како растат лилјаните? Тие не се трудат и не предат; а Јас ви велам дека ни Соломон, во сета своја раскош, не се облече како еден од нив.