Лука 10:38-41
Лука 10:38-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Продолжувајќи го своето патување кон Ерусалим, Исус и Неговите ученици дојдоа во едно село каде што во својот дом ги пречека една жена по име Марта. Таа имаше сестра, по име Марија, која седна до Исусовите нозе за да Ги слуша Неговите поуки. Марта, пак, беше презафатена со послужување, па Му пријде на Исус и Му рече: „Господе, зар не Ти е жал што сестра ми ме остави да ја вршам целата работа сама!? Кажи и да дојде да ми помага!“ А Господ и рече: „Марто, Марто! Прекумерно се грижиш и тревожиш за многу нешта
Лука 10:38-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом. А таа имаше сестра што се викаше Марија. Таа седна до нозете Господови и го слушаше словото Негово. Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога застана, рече: „Господи, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“ А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи.
Лука 10:38-41 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога одеа, влезе во едно село, некоја жена, по име Марта, Го прими во својот дом. А таа имаше сестра, по име Марија, која седна при нозете на Господа и го слушаше Неговото слово. А Марта се трудеше многу да Му служи што подобро. Таа пристапи и рече: „Господи! Зар не Ти е грижа дека мојата сестра ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне!“ А Господ ѝ одго-вори и рече: „Марта! Марта! Ти се грижиш и се вознемируваш за многу нешта