Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Лука 1:46-55

Лука 1:46-55 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Марија рече: “Душава моја Го слави Господа; извикува од радост мојот дух, заради Бог, мојот Спасител, Кој милозливо си спомна за мене, Неговата ништожна слугинка! Ете, отсега сите поколенија ќе ме нарекуваат ,Благословена‘, зашто големи нешта направи Семоќниот за мене. Свето е Неговото Име, и милосрдието Негово спрема оние што Го почитуваат продолжува од поколение во поколение. Тој ја испружи Својата моќна рака и ги уништи оние што длабоко во себе се гордееја со своите мисли. Ги симна од власт владетелите, а ги возвиши понизните, ги насити гладните со благо, а богатите ги испрати со празни раце. Му дојде на помош на Својот слуга Израел, припомнувајќи си за милоста што им ја вети на нашите предци, за Авраам и за неговото потомство, довека!“