Левитска 7:11-15
Левитска 7:11-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тоа е закон за жртвата за мир, што Му се принесува на Господ. Кога некој ја принесува од благодарност, заедно со жртвата треба да принесат и бесквасни лебови, замесени со масло, и бесквасни питки намачкани со масло, како и пченично брашно измешано со масло и лебови, месени со масло. Освен питки, да принесува жртва и леб месен со квас, како жртвата за мир од благодарност. И од сето она што се принесува, нека принесува едно како жртва што се вознесува пред Господ; тоа нека му припаѓа на оној свештеник што попрскува со крвта на жртвата за мир. А месото на жртвата за мир од благодарност нека биде негово и нека се изеде во оној ден кога се принесува; нека не се остава ништо до изутрината.
Левитска 7:11-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
‘Ова е законот за помирителната жртва што ќе Му биде принесувана на Господа. Ако се принесува за благодарност, заедно со жртвата благодарница нека бидат принесени бесквасни погачи замесени со масло; бесквасни кори намачкани со масло и колачиња од чисто брашно, замесени со масло. Овој принос, надополнет со колачиња од заквасено тесто, нека се принесува заедно со помирителната жртва за благодарност. Од секоја ваква жртва нека Му се принесе по еден возвишен принос на Господа. Тоа нека биде за свештеникот што ја прска крвта од помирителната жртва. А месото од помирницата нека биде изедено во истиот ден кога ќе биде жртвувана; од неа нека не се остава ништо за следното утро.