Левитска 16:6-10
Левитска 16:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа Арон да приведе теле како жртва за грев за себе, и така ќе се направи чист – себеси и домот свој, па ќе ги земе двата козела и ќе ги постави кај вратата од скинијата на собранието, пред лицето Господово. И тогаш Арон ќе фрли ждрепка за двата козела: една ждрепка за Господ, а другата за отпуштање. И да го доведе Арон козелот на кој паднала ждрепката за Господ, и да го принесе како жртва за грев; а козелот на кој паднала ждрепката за отпуштање, да го постави жив пред Господ, за да изврши над него обред за очистување и да го пушти во пустината за отпуштање.
Левитска 16:6-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Откако Арон ќе го принесе јунецот за принос за грев за себе и ќе направи покривање на гревот за себеси и својот дом, нека ги земе двата јарци и нека ги стави пред Господа при влезот во Шаторот на средбата. Арон нека фрли жрепка за двата јарци и нека го одреди едниот со жрепка за Господа, а другиот за отпуштање. Арон нека го принесе за жртва за грев јарецот, на кого жрепката падна да биде Господов. А јарецот на кого жрепката падна да биде за отпуштање, нека биде поставен жив пред Господа, за да биде извршено покривање на гревот со него и за да биде испратен во пустината за отпуштување, (и за да ги понесе на себе нивните безаконија во непроодна земја).