Плачот 3:20-25
Плачот 3:20-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Душата моја постојано се сеќава на тоа и премалува во мене. Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж: по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато; тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема! Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам. Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара.
Плачот 3:20-25 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Непрекратно мисли на тоа и се суши душата во мене. Тоа го носам во срцето и затоа се надевам. Заради Господовите добрини не сме уништени, Неговите милости никогаш не престануваат. Тие се нови секое утро: Твојата верност е голема! „Господ е мој дел,“ ми вели душата, и затоа се надевам во Него.“ Добар е Господ за оној, кој се надева во Него, за душата, која Го бара.