Исус Навин 8:1-2
Исус Навин 8:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И му рече Господ на Исус: „Не плаши се и не се ужасувај; земи ги со себе сите мажи, способни за војна и оди во Гај; ете, Јас ќе го предадам во твои раце гајскиот цар и неговиот народ, неговиот град, и неговата земја. Направи му на Гај и на царот негов исто она што му направи на Ерихон и на царот негов; само пленот и добитокот негов поделете си го; постави заседа зад градот.“
Исус Навин 8:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Господ му рече на Исуса: „Не бој се и не се плаши! Земи ги со себе сите воини, стани и нафрли се врз Гај. Ете, ти ги предавам во рацете гајскиот цар, неговиот народ, градот и неговата земја. Направи со Гај и со неговиот цар како што направи со Ерихон и со неговиот цар; ама ви е слободно да го приграбите пленот од него и неговиот добиток. Постави му на градот заседа од зад грб.“