Јона 1:1-3
Јона 1:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И дојде слово Господово до Јона, синот на Амитај: „Стани и оди во Ниневија, градот голем, и проповедај во него, зашто неговите лоши дела стигнаа до Мене.“ А Јона стана за да избега во Тарсис од лицето Господово; слезе во Јафа, каде што најде брод што плови за Тарсис, па откако ја плати возарината, влезе во него за да избега во Тарсис од лицето Господово.
Сподели
Прочитај Јона 1Јона 1:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господовото слово му дојде на Јона, синот Аматиев и му рече: „Стани, оди во Нинивија, град голем, и викај против него, зашто нивното зло се воздигна пред Моето лице.“ А Јона стана за да побегне во Тарсис, од Господовото присуство. Слезе во Јафа и најде брод што пловеше во Тарсис. Го плати возењето и слегна во него за да отплови со нив во Тарсис, далеку од Господовото присуство.
Сподели
Прочитај Јона 1