Јов 42:1-5
Јов 42:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Му одговори Јов на Господ и рече: „Знам дека Ти сѐ можеш и дека намерата Твоја не може да биде неизвршена. Кој е тој што го помрачува Провидението со зборови што не ги разбира? Ете, јас го говорев она што не го разбирав, за чудни дела што не можев да ги знам. Послушај ме, викав јас, и ќе говорам, и што ќе Те прашам, објасни ми го. Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гледаат
Јов 42:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Јов му одговори вака на Господа: „Јас знам, Твојата моќ е безгранична: Што и ќе наумиш, можеш да го направиш тоа. Кој е тој што со безумни зборови ја помрачува божествената промисла? Затоа зборував, но не разбирав, за чудесата што мене ми се несфатливи. О послушај ме, остави ме да зборувам: Јас ќе Те прашувам, а Ти поучи ме. Досега Те познавав само по слушање, но сега моите очи Те видоа.