Јован 9:1-3
Јован 9:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Одејќи така, Исус виде еден човек, кој беше слеп од раѓање. Неговите ученици Го запрашаа: „Учителе, зошто овој човек се родил слеп? Дали поради негов грев или поради грев на неговите родители?“ „Неговото слепило не е ни поради негов грев, ни поради грев на неговите родители“ - им одговори Исус. „Но поради неговото слепило, ќе се пројават Божјите дела над него.
Јован 9:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога одеше, виде еден човек, слеп од раѓање. Учениците Негови Го прашаа и рекоа: „Рави, кој згрешил? – тој или родителите негови, та се родил слеп?“ Исус им одговори: „Ни тој, ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји врз него.
Јован 9:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И кога заминуваше виде човек слеп од раѓање. И Неговите ученици Го прашаа: „Рави, кој згрешил, тој или неговите роди-тели, та се родил слеп?“ Исус одговори: „Не згрешил ни тој, ниту неговите родители, туку за да се пројават Божјите дела врз него.