Јован 8:31-36
Јован 8:31-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Исус им се обрати на Евреите кои поверуваа во Него: „Вие ќе бидете Мои вистински ученици, ако се придржувате до Моето учење. Тогаш ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ Тие Му одговорија: „Ние сме потомци на Авраам и никогаш никому не сме му робувале; што сакаш да кажеш кога велиш дека ќе бидеме слободни!?“ Исус им одговори: „Ве уверувам дека секој што греши му робува на гревот. А робот не останува трајно во семејството. Синот е трајно член на семејството. Ако Синот ве ослободи, ќе бидете навистина слободни!
Јован 8:31-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Исус им говореше на Јудејците, што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ Му одговорија и рекоа: „Ние сме семе Авраамово и никогаш никому не сме робувале; а како Ти велиш: ‚Ќе бидете слободни?‘“ Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот. А робот не останува вечно дома; Синот останува вечно. И ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.
Јован 8:31-36 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа Исус им рече на Јудејците, кои Му поверуваа: „Ако пребивате во Моето слово, навистина сте Мои ученици; и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ Му одговорија: „Ние сме Авраа-мово потомство и никогаш никому не сме му робувале; како велиш Ти: ‘Ќе бидете слободни?’ Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам, дека секој кој прави грев, роб му е на гревот. А робот не останува дома довека; Синот останува довека. И така, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.