Јован 6:30-35
Јован 6:30-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш тие Му рекоа: „Какво чудо ќе направиш, за да видиме, па да Ти поверуваме? Што ќе направиш? Нашите предци јадеа мана во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“ Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото. Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“ „Господине“, - му рече народот - „давај ни го тој леб секогаш!“ Исус им рече: „Јас сум животодавниот Леб! Оној што доаѓа кај Мене никогаш нема да огладни и оној што верува во Мене никогаш нема да ожедни.
Јован 6:30-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? Татковците наши јадеа мана во пустината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“ Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од небото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.“ Тогаш тие Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб!“ А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.
Јован 6:30-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тие пак Му рекоа: „Каков знак правиш, да видиме и да Ти поверуваме? Што правиш?“ Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: „Им даде да јадат леб од небото.“ Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото. Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.“ Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб.“ Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.