Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 6:22-59

Јован 6:22-59 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, за­бележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Не­гови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, а тие сами заминаа. И други кораби дојдоа од Ти­ве­ри­ја­да, близу до она место каде што беа јале леб, по благословувањето Господово. И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Ка­пернаум да Го бараат Исус. И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“ А Исус им одговори и рече: „Вис­ти­на, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте. Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Чо­веч­ки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“ А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“ Исус им одговори и рече: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“ А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш? Татковците наши јадеа мана во пус­тината, како што е напишано: ‚Леб од небото им даде да јадат.‘“ Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не ви даде Мојсеј леб од не­бото, туку Мојот Отец ви дава вистински леб од небото. Зашто лебот Божји е Оној, Кој сле­гува од небото и му дава живот на светот.“ Тогаш тие Му рекоа: „Господи, да­вај ни го секогаш тој леб!“ А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни. Но ви реков: вие и Ме видовте и пак не верувате. Сѐ што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор; зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати. А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сѐ што Ми дал да не за­губам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден. Волјата на Оној што Ме прати е: се­кој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, а Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ Се разгневија против Него Јудеј­ци­те, зашто рече: „Јас сум лебот што сле­зе од небото“, и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јо­сифовиот син, Чиј татко и мајка ги познававме? Како тогаш Тој вели: ‚Слегов од небото.‘“ Им одговори Исус и рече: „Не мр­морете меѓу себе. Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме пра­ти; и Јас ќе го воскреснам во последни­от ден. Кај Пророците е напишано: ‚И ќе бидат сите од Бога научени.‘ Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа кај Мене. Но тоа не значи дека некој Го видел Бога, освен Оној Кој е од Бога; само Тој го видел Отецот. Вистина, вистина ви велам: Кој ве­рува во Мене има вечен живот. Јас сум лебот на животот. Татковците ваши јадеа мана во пус­тината и умреа; а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. Јас сум живиот леб што слезе од не­бото; кој јаде од овој леб, ќе живее веч­но; а лебот што ќе го дадам Јас, е Мо­ето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“ Јудејците пак почнаа да се препира­ат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“ А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Не­гова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мо­јата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето тело е вистинска хра­на, и Мојата крв – вистинска напивка. Кој јаде од Моето тело и пие од Мо­јата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Ме­не. Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа ма­на и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе жи­вее довека.“ Ова го кажа Исус во синагогата, ко­га поучуваше во Капернаум.

Јован 6:22-59 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Следниот ден, многубројниот народ што остана од другата страна на езерото, забележа дека таму имаше само едно бротче, а знаеја дека Исус не влезе во него со учениците, туку тие заминаа без Него. Потоа пристигнаа од Тиберија и други бротчиња и пристанаа близу до местото каде што беа јале од лебот, што Господ го благослови. Кога луѓето видоа дека ги нема ни Исуса, ни Неговите ученици, влегоа во бротчињата и отидоа во Кафарнаум, за да Го бараат. Кога луѓето Го најдоа Исуса, од другата страна на езерото, Го прашаа: „Раби, кога пристигна овде?“ Исус им одговори: „Вистина е дека вие не Ме барате затоа што ги разбравте Моите чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте! Престанете да се грижите само за храната што се расипува! Погрижете се за храната што дава вечен живот, која ќе ви ја дадам Јас, Синот Човечки, затоа што, Бог, небесниот Татко, Ми го даде тоа право!“ „Што треба да правиме, за да го исполниме она што Бог го бара од нас?“ - го прашаа тие. Исус им одговори: „Бог бара од вас да верувате во Оној што Тој Го прати.“ Тогаш тие Му рекоа: „Какво чудо ќе направиш, за да видиме, па да Ти поверуваме? Што ќе направиш? Нашите предци јадеа мана во пустината, како што стои запишано: ,Бог им даде да јадат леб од небото‘.“ Исус, пак, им одговори: „Ве уверувам дека не беше Мојсеј тој што ви даде леб од небото, туку Мојот Татко. И сега Мојот Татко ви го нуди вистинскиот Леб од небото. Зашто, Лебот што ви го дава Бог е Оној што слезе од небото, за да му даде живот на светот.“ „Господине“, - му рече народот - „давај ни го тој леб секогаш!“ Исус им рече: „Јас сум животодавниот Леб! Оној што доаѓа кај Мене никогаш нема да огладни и оној што верува во Мене никогаш нема да ожедни. Но ви реков дека, иако Ме видовте, сепак не верувате во Мене. Секој што Ми е даден од Татко Ми, ќе дојде кај Мене, а Јас нема да одбијам ниту еден од оние што доаѓаат кај Мене. Јас не слегов од небото за да ја вршам Својата волја, туку да ја вршам волјата на Бог, Кој Ме прати. А волјата на Бог, Кој Ме прати е да не изгубам ниту еден од оние што Тој ми ги даде, туку на крајот сите да ги воскреснам за вечен живот. Волјата на Мојот небесен Татко е: секој што го гледа Синот и верува во Него, да има вечен живот и на крајот Јас да го воскреснам.“ Тогаш Евреите почнаа незадоволно да мрморат против Исус, затоа што рече: „Јас сум Лебот што слезе од небото!“ Говореа: „Зар Овој не е Исус, синот на Јосиф, и зар не ги познаваме татко Му и мајка Му!? Како може да вели дека Тој слегол од небото!?“ Исус им одговори: „Не мрморете помеѓу себе! Никој не може да дојде кај Мене, ако небесниот Татко, Кој Ме прати, не го привлече; а на крајот, Јас ќе го воскреснам за вечен живот! Во пророчките книги на Светото Писмо стои запишано: ,Бог ќе ги научи сите‘. Секој што Го слуша небесниот Татко и учи од Него, доаѓа кај Мене. Тоа не значи дека некој Го видел Бог, освен Оној Кој потекнува од Бога. Само Тој го видел Таткото. Ве уверувам дека оној што верува во Мене, веќе има вечен живот. Јас сум животодавниот Леб. Вашите предци јадеа мана во пустината, но потоа умреа. Еве Го Лебот што слегува од небото, за секој да може да јаде од Него и да не умре. Јас сум животодавниот Леб Кој слезе од небото! Кој се храни од овој Леб - ќе живее вечно! А Лебот што Јас ќе го дадам за животот на светот е Моето тело.“ Тогаш Евреите почнаа одново да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да се храниме со Него!?“ Исус, пак, им рече: „Ве уверувам дека, доколку не се храните од телото на Синот Човечки и не се напојувате од Неговата крв - ќе немате живот во себе! Оној што се храни од Моето тело и се напојува од Мојата крв, има вечен живот и на крајот, Јас ќе го воскреснам. Моето тело е вистинска храна и Мојата крв е вистинска напивка. Кој се храни од Моето тело и се напојува од Мојата крв, живее во Мене и Јас во него. Мене Ме испрати живиот Татко, и како што причина за Моето живеење е Таткото, така и оној што се храни од Мене ќе живее заради Мене. Лебот што слезе од небото не е како лебот што вашите предци го јадеа, а потоа умреа; тој што го јаде овој Леб - ќе живее вечно!“ Исус ги изрече овие зборови додека поучуваше во синагогата, во градот Кафарнаум.

Јован 6:22-59 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Утреден, народот, што стоеше преку морето, виде дека таму немаше друго бротче освен едното и дека Исус не влезе во бротчето со Своите ученици, туку дека Неговите ученици отпловија сами. Од Тиверијада пристигнаа други бротчиња, близу до местото каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари. И кога народот виде дека таму ги нема ни Исуса ни Неговите ученици, влегоа во корабите и пристигнаа во Капернаум, за да Го бараат Исуса. Кога Го најдоа на другата страна на морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде тука?“ Во одговор Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Ме барате не затоа што ги видовте чудните знаци, туку дека ги јадевте лебовите и се наситивте. Рабо-тете не за храна што се расипува, но за храна што останува за вечен живот, а што ќе ви ја даде Чове-чкиот Син, зашто Бог Таткото Го потврди Него за тоа!“ Тогаш Му рекоа: „Што да правиме, за да ги извршуваме Божјите дела?“ Исус одговори и им рече: „Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.“ Тие пак Му рекоа: „Каков знак правиш, да видиме и да Ти поверуваме? Што правиш?“ Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: „Им даде да јадат леб од небото.“ Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото. Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.“ Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб.“ Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни. Но ви реков: иако Ме видовте - не верувате. Сѐ што Таткото Ми дава ќе дојде при Мене, а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам; зашто не слегов од Небото да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме испратил. А ова е волјата на Оној, Кој Ме пратил: да не изгубам ништо од сѐ што Ми дал, туку да го воскреснам во последниот ден. Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ Тогаш Јудејците роптаа против Него зашто рече: „Јас Сум лебот што слезе од небото“, и зборуваа: „Не е ли овој Исус, синот Јосифов, чии татко и мајка ги познаваме? Како вели сега: ‘Слегов од небото?’ Исус одговори и им рече: „Не роптајте меѓу себе. Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Таткото, Кој ме прати, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Кај пророците е напишано: ‘Сите ќе бидат научени од Бога.’ Секој, кој чул од Таткото и научил, доаѓа при Мене. Не дека некој Го видел Таткото, освен Оној Кој доаѓа од Бога, Тој Го видел Таткото. Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.“ “Јас Сум Лебот на животот. Вашите татковци јадеа мана во пустината и изумреа. Ова е лебот што слегува од небото, за да не умре оној, кој јаде од него. Јас Сум живиот леб што слезе од небото. Ако некој јаде од овој леб ќе живее довека; а лебот, што ќе го дадам, Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.“ Тогаш Јудејците се препираа меѓу себе и велеа: „Како може Овој да ни го даде Своето тело да го јадеме?“ Тогаш Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Човечкиот Син и не ја пиете Неговата крв, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв - вистинско питие. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв - останува во Мене и Јас во него. Како што Мене Ме испрати живиот Татко, и Јас живеам преку Таткото, така и оној кој Ме јаде Мене, ќе живее преку Мене. Ова е лебот што слезе од небото. Не како што вашите татковци јадеа мана и изумреа, кој јаде од овој леб, ќе живее довека.“ Ова го рече кога поучуваше во Капер-наум, во синагогата.