Јован 6:15-21
Јован 6:15-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но, Исус, кога дозна дека наумиле сосила да Го зграпчат и да Го прогласат за цар, повторно се повлече сам во гората. На квечерина, учениците на Исус слегоа до езерото. Се качија во едно бротче и се упатија кон Кафарнаум, од другата страна на езерото. Веќе се беше стемнило, а Исус се уште не беше дошол кај нив. Почна да дува силен ветер од кој езерото се разбранува. Кога извеслаа околу четири до пет километри, тие Го видоа Исуса како се доближува до бротчето, одејќи по езерото, и се исплашија. А Тој им рече: „Јас сум! Не плашете се!“ Тогаш тие се осмелија да Го примат во бротчето и бротчето веднаш се најде на оној дел од брегот каде што се беа упатиле!
Јован 6:15-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогласат за цар, се повлече Сам во гората. А приквечер, учениците Негови слегоа до морето, влегоа во кораб и тргнаа преку морето кон Капернаум. Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар. И кога беа поминале дваесет и пет – до триесет стадии, Го видоа Исус како оди по морето и се приближува кон коработ, па се уплашија. Но Тој им рече: „Јас сум, не плашете се!“ Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.
Јован 6:15-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исус, - штом разбра дека сакаат да дојдат и да го одвлечат насила, за да Го направат цар - пак се повлече сосем Сам во гората. Кога се приквечери, Неговите ученици слегоа до морето, и влегоа во кораб и отидоа преку морето во Капернаум. Веќе се стемни, а Исус уште не беше дојден при нив. Морето се разбранува, оти дува-ше силен ветер. Откако одвеслаа околу дваесет и пет или триесет стадии, Го видоа Исуса како оди по морето и се приближува кон коработ; па се исплашија. Но Тој им рече: „Јас Сум, не бојте се!“ Тие сакаа да Го земат во кора-бот, а коработ се најде веднаш на брегот, каде што одеа.