Јован 5:37-40
Јован 5:37-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
И Таткото, Кој Ме прати, исто така сведочи за Мене, но вие никогаш не сте го послушале Неговиот глас ниту пак сте го виделе Неговиот лик. А и Неговиот збор не се задржува во вас, затоа што не верувате во испратениот од Него. Вие го проучувате Светото Писмо, зашто верувате дека во него ќе најдете вечен живот за себе - а токму таму се говори за Мене! Па сепак, вие не сакате да дојдете кај Мене и да примите живот.
Јован 5:37-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Отецот, Кој Ме прати, Сам посведочи за Мене. А вие ни гласот Негов никогаш не сте го чуле, ниту лицето Негово сте го виделе. И зборовите Негови не се во вас, зашто не верувате во Оној кого Го пратил Тој. Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене. Но не сакате да дојдете кај Мене за да имате живот.
Јован 5:37-40 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Таткото, Кој Ме прати, Сами-от сведочи за Мене. Вие ни го чувте некогаш Неговиот глас, ниту го видовте Неговото лице, и Неговите зборови ги немате постојано во вас, зашто не Му верувате на Оној, Кого Тој Го пратил. Вие ги проучувате Писмата, зашто мислите дека имате вечен живот во нив; и тие сведочат за Мене. Но вие не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот.