Јован 4:4-9
Јован 4:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Мораше да помине низ Самарија. Така Тој дојде до самарискиот град Сихар, близу до местото кое Јаков му го беше дал на својот син Јосиф. Таму беше бунарот на Јаков. Исус седна крај бунарот, зашто беше уморен од патувањето. Беше околу пладне. Една жена од Самарјанците дојде, за да си нацрпи вода. „Дај ми малку вода да се напијам!“ - и рече Исус. (Неговите ученици беа отидени во градот за да купат храна.) Тогаш Самарјанката Му рече: „Ти си Евреин, а јас сум Самарјанка; како можеш да бараш вода од мене!?“ (Имено, Евреите не сакаа да општат со Самарјанците.)
Јован 4:4-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Требаше да мине преку Самарија. Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јосиф. Таму беше изворот на Јаков. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час. Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“ А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.
Јован 4:4-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А требаше да помине преку Самарија. Така дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, во близина на земјиштето, што Јаков му го даде на сина си Јосифа; таму беше Јакововиот Извор. А Исус, измо-рен од патот, седеше така на кладенецот; беше околу шестиот час. Дојде една самарјанка, за да нацрпи вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“ Зашто учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. Самарјанката Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, Самарјанка, да пиеш?“ Имено, Јудејците не општеа со Самарјанците.