Јован 3:14-16
Јован 3:14-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исто како што Мојсеј ја подигна бронзената змија во пустината, така ќе мора и Јас, Синот Човечки, да бидам подигнат. Тогаш секој што ќе поверува во Мене, ќе се здобие со вечен живот. Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што Го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот.
Јован 3:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен. Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.
Јован 3:14-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син, та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот. Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Едино-роден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.