Јован 21:4-6
Јован 21:4-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус. Исус им рече: „Чеда, имате ли нешто за јадење?“ Му одговорија: „Не.“ А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе најдете!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја извлечат од многу риби.
Јован 21:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
В зори, Го видоа Исуса на брегот, но не Го познаа. Тој им довикна: „Деца, имате ли некоја риба?“ „Немаме“ - му одговорија тие. Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на бротчето и ќе уловите.“ Тие ја фрлија и не можеа да ја извлечат од големиот број риби што ги уловија.
Јован 21:4-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога се разденуваше, Исус застана на брегот; но учениците не знаеја дека е Исус. Исус им рече: „Деца, имате ли нешто за јадење?“ Му одговорија: „Немаме.“ А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата оддесно на коработ и ќе најдете.“ И така, ја фрлија, и веќе не можеа да ја извлечат од мноштво риби.