Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 21:1-14

Јован 21:1-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Подоцна Исус уште еднаш им се појави на Своите ученици, покрај Тибериското Езеро. Тоа се случи вака: Се беа собрале Симон Петар, Близнакот Тома, Натанаел од Галилејска Кана, синовите на Завдај и други двајца од Исусовите ученици. Симон Петар им рече: „Одам на риболов!“ „И ние ќе дојдеме со тебе!“ - му рекоа тие, и сите заедно тргнаа со бротчето. Но цела ноќ не уловија ништо. В зори, Го видоа Исуса на брегот, но не Го познаа. Тој им довикна: „Деца, имате ли некоја риба?“ „Немаме“ - му одговорија тие. Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на бротчето и ќе уловите.“ Тие ја фрлија и не можеа да ја извлечат од големиот број риби што ги уловија. Тогаш, ученикот што му беше љубимец на Исус, му рече на Петар: „Тоа е нашиот Господ!“ Штом слушна дека тоа е Господ, Симон Петар се препаша со наметката што претходно ја беше соблекол, па скокна во езерото и почна да плива кон брегот. Останатите ученици со бротчето беа на околу деведесет метри од брегот и набргу пристигнаа, влечејќи ја мрежата со рибите. Кога излегоа на копното, видоа леб и риба, ставена на разгорен јаглен. Исус им рече: „Донесете од рибите што пред малку ги уловивте!“ Симон Петар се качи на бротчето и ја извлече мрежата на брегот. Во неа имаше сто педесет и три големи риби. Иако беше полна со големи риби, мрежата сепак не се скина. „Дојдете, јадете!“ - им рече Исус. А никој од учениците не се осмели да Го праша: „Дали си навистина Ти, Господе?“, зашто знаеја дека Тој е нивниот Господ. Исус зеде од лебот и им раздаде, а истото го направи и со рибите. Ова беше веќе третпат како Исус им се појави на Своите ученици откако воскресна од мртвите.

Јован 21:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Потоа пак им се јави Исус на учениците Свои кај Тиверијад­ското Море. А тоа се случи вака: беа заедно Симон Петар и Тома, ко­го го викаа Близнак, Натанаил од Кана Галилејска, Заведеевите синови и двајца други од учениците Негови. Симон Петар им рече: „Ќе одам да ловам риба.“ Му рекоа: „И ние ќе дој­де­ме со тебе.“ Тогаш излегоа и веднаш влегоа во кораб, но таа ноќ ништо не уловија. А кога се раздени, застана Исус на брегот, само учениците не го познаа дека е Исус. Исус им рече: „Чеда, имате ли неш­то за јадење?“ Му одговорија: „Не.“ А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата од десната страна на коработ и ќе нај­де­те!“ Ја фрлија, и не можеа веќе да ја из­влечат од многу риби. Тогаш ученикот, што го сакаше Исус, му рече на Петар: „Тоа е Господ!“ А Симон Петар, штом чу дека е Гос­под, си ја препаша облеката – зашто бе­ше необлечен, и се фрли во морето. А другите ученици, влечејќи ја мре­жата со риби, дојдоа со кораб, зашто не беа далеку од брегот, но само околу двесте лакти. Кога пак излегоа на брегот, видоа накладен оган, и на него ставена риба и леб. Исус им рече: „Донесете од рибите што ги уловивте сега!“ А Симон Петар влезе и ја извлече мрежата на брегот, полна со крупни ри­би, на број сто педесет и три; и макар што беа толку многу, мрежата не се скина. Исус им рече: „Дојдете, јадете!“ И никој не смееше да Го праша: „Кој си Ти?“, зашто гледаа дека е Господ. Се приближи Исус, зеде леб и им даде, исто така и риба. Ова беше веќе третпат како им се јави Исус на учениците Свои, откако воскресна од мртвите.

Јован 21:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Потоа Исус им се јави пак на учениците, на Тиверија-дското Море; имено, им се јави вака: Симон Петар и Тома, на-речен Близнак, Натанаил од Кана Галилејска и Зеведеевите синови, и други двајца од Неговите ученици, беа заедно. Симон Петар им рече: „Одам да ловам риби!“ Му рекоа: „Доаѓаме и ние со тебе.“ Така излегоа и влегоа во кораб, но таа ноќ не фатија ништо. А кога се разденуваше, Исус застана на брегот; но учениците не знаеја дека е Исус. Исус им рече: „Деца, имате ли нешто за јадење?“ Му одговорија: „Немаме.“ А Тој им рече: „Фрлете ја мрежата оддесно на коработ и ќе најдете.“ И така, ја фрлија, и веќе не можеа да ја извлечат од мноштво риби. Тогаш ученикот - кого Исус го љубеше - му рече на Петра: „Господ е.“ Штом Симон Петар чу дека е Господ, си ја препаша облеката, зашто беше необлечен, и скокна во морето. А другите ученици дојдоа со коработ - влечејќи ја мрежата со рибите, зашто не беа далеку од копното, туку околу двеста лакти. Кога пак излегоа на земјата, видоа: положена жар, и риба врз неа, и леб. Исус им рече: „Донесете од рибите, што ги фати-вте сега!“ Тогаш Симон Петар влезе во коработ и извлече на брегот мрежа полна со големи риби - сто и педесет и три. Иако беа толку многу, мрежата не се скина. Исус им рече: „Дојдете и јадете!“ Но ниеден од учениците не се осмели да Го праша: „Кој си Ти?“- зашто знаеја дека е Господ. Исус дојде, зеде леб и им даде; и риба исто така. Тоа веќе беше трет пат како Исус им се јави на учениците, откако воскресна од мртвите.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност