Јован 20:19-23
Јован 20:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Во истиот тој ден, а беше недела, кога се стемни, Исусовите ученици се беа собрале зад затворени врати, поради страв од еврејските верски водачи. Тогаш Исус ненадејно се појави, застана на средина и ги успокои со поздрав. Потоа им ги покажа рацете и ребрата отстрана. Кога видоа дека тоа е Господ, учениците многу се израдуваа. Исус повторно ги успокои, пренесувајќи им Го својот мир, а потоа им рече: „Како што Мене Ме прати небесниот Татко, така сега Јас ве праќам вас.“ Откако го рече тоа, Тој им вдахна од Својот Дух, велејќи: „Примете Го Светиот Дух! Ако на луѓето им ги простите гревовите - ќе им бидат простени, а ако не им ги простите - ќе им останат.“
Јован 20:19-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А вечерта во истиот ден, првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше затворена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ И ова штом го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се зарадуваа тогаш учениците, штом Го видоа Господа. А Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам.“ И кога им го кажа ова, дувна и им рече: „Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.“
Јован 20:19-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А вечерта, на истиот прв ден на седмицата, додека вратата, каде беа собрани учениците, беше затворена поради страв од Јудеј-ците, Исус дојде, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ Откако го рече тоа им ги покажа рацете и ребрата. И учениците се зарадуваа, кога Го видоа Господа. Тогаш Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Таткото и Јас ве праќам!“ Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: „Примете Свети Дух! На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!“