Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 20:1-20

Јован 20:1-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во првиот ден од седмицата Марија Магдалена дојде на гробот рано, уште додека беше темно, и виде дека каменот од гробот е поместен. Тогаш отрча и дојде кај Симон Пе­тар и кај другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го дигна­ле Господ од гробот и не знам каде Го положиле.“ Тогаш излезе Петар и другиот уче­ник, и појдоа кон гробот. И обајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петар и прв дојде до гробот. И кога се наведна, виде дека лежи само повојот; но не влезе. По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и виде дека само повојот стои; а крпата, што Му беше на главата негова, не стоеше кај повојот, туку одделно, свиткана на едно место. Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде, и поверува, зашто уште не го знаеја Писмото де­ка Тој треба да воскресне од мртвите. Тогаш учениците се вратија дома. А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот; и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежело телото Исусово. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто пла­чеш?“ Им одговори: „Го кренале Гос­под мој и не знам каде Го положиле!“ Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исус како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?“ Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го по­ло­жил, и јас ќе Го земам.“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни“ – што значи: „Учителе!“ И рече Исус: „Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.“ Дојде Марија Магдалена и им кажа на учениците дека Го видела Господ и дека тоа ѝ рекол. А вечерта во истиот ден, првиот од седмицата, кога вратата, каде што беа учениците Негови собрани, беше зат­во­рена поради страв од Јудејците, дојде Исус, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ И ова штом го рече, им ги покажа рацете и нозете и ребрата Свои. Се за­радуваа тогаш учениците, штом Го ви­доа Господа.

Јован 20:1-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Во неделата, уште во рани мугри, додека се уште беше темно, Марија Магдалена дојде на гробот и го виде каменот иставен од отворот на гробницата. Таа со трчање отиде кај Симон Петар и кај другиот ученик, кој му беше љубимец на Исус, па им рече: „Го зеле телото на Господ од гробницата, а не знаеме каде Го преместиле“ Тогаш Петар и другиот ученик излегоа и се упатија кон гробот. Обајцата трчаа, но другиот ученик истрча побрзо од Петар и прв втаса до гробот. Тој се наведна и го виде платното како лежи таму, но не влезе внатре. Кога стигна и Симон Петар, влезе во гробот, па го виде платното како лежи таму, како и погребната шамија која беше употребена за завиткување на Исусовата глава. Шамијата не беше заедно со платното, туку беше одвоено свиткана на едно место. Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, па виде и поверува; (зашто тие тогаш не знаеја дека, според Светото Писмо, Исус ќе воскресне од мртвите). Потоа учениците се вратија дома. Марија Магдалена стоеше надвор до гробницата плачејќи. Додека така плачеше, таа се наведна над влезот на гробницата и виде двајца ангели во бело како седат на местото каде што било Исусовото тело: едниот кај главата, а другиот кај нозете. Ангелите ја прашаа Марија: „Зошто плачеш?“ “Го зеле телото на мојот Господ и не знам каде Го преместиле!“ - им рече таа Штом го рече тоа, таа се сврте и Го виде Исуса како стои таму, но не Го позна. Исус и рече: „Зошто плачеш? Кого бараш?“ Мислејќи дека тоа е градинарот, Марија Му рече: “Господине, ако си Го зел телото ти, кажи ми каде си го преместил и јас ќе го земам.“ Исус и рече: „Мирјам!“ Таа се сврте и Му одговори на хебрејски: „Рабани!“ (Во превод значи: ,Учителе‘.) Исус и рече: „Не држи се за мене, зашто се уште не Сум се вратил кај небесниот Татко. Оди кај Моите ученици и кажи им дека Јас се враќам кај Мојот Татко и Бог, Кој е и ваш Татко и Бог.“ Тогаш Марија Магдалена отиде и им јави на Исусовите ученици: „Го видов Господ!“ Потоа таа им го пренесе она што Исус и го кажа. Во истиот тој ден, а беше недела, кога се стемни, Исусовите ученици се беа собрале зад затворени врати, поради страв од еврејските верски водачи. Тогаш Исус ненадејно се појави, застана на средина и ги успокои со поздрав. Потоа им ги покажа рацете и ребрата отстрана. Кога видоа дека тоа е Господ, учениците многу се израдуваа.

Јован 20:1-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во првиот ден на седмицата, многу рано додека уште беше темнина, Марија Магдалена дојде на гробот и виде дека каме-нот од гробот е поместен. Тогаш отрча и дојде при Симона Петра и при другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го дигнале Господа од гробот и не знаеме каде Го положиле.“ А Петар и другиот ученик излегоа и одеа кон гробот. Имено, и двајцата трчаа заедно; но другиот ученик трчаше побргу од Петра и стигна прв до гробот. Тој се наведна и виде ленени повои, како лежат, но не влезе внатре. По него стигна Симон Петар, па влезе во гробот и ги виде повоите, како лежат; а крпата, што беше на Неговата глава, не беше заедно со повоите, туку беше свиткана одделно, на едно место. Тогаш влезе и другиот ученик - кој стигна прв до гробот - и виде и поверува. Зашто уште не го беа разбрале Писмото, дека Тој треба да воскресне од мртвите. Тогаш учениците пак се вратија дома. А Марија стоеше надвор, при гробот и плачеше; така, додека плачеше, погледна во гробот и виде два ангела, како седат во бели облеки, таму каде лежеше Исусо-вото тело, едниот кај главата, а другиот при нозете. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?“ Им рече: „Го дигнале мојот Господ и не знам каде Го положиле?“ Откако го рече тоа, се обѕрна и Го виде Исуса, како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого Го бараш?“ Мислејќи дека е градинарот, таа Му рече: „Господине, ако Го изнесе ти, кажи ми каде Го поло-жи, и јас ќе Го земам!“ Исус ѝ рече: „Марија!“ Таа се заврти и Му рече: „Равуни!“- што значи: „Учи-теле!“ Исус ѝ рече: „Не допирај Ме, зашто уште не отидов горе при Мојот Татко. Туку оди при Моите браќа и речи им: ‘Се враќам при Мојот Татко и вашиот Татко, при Мојот Бог и вашиот Бог.’ Марија Магдалена дојде и им јави на учениците, дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол. А вечерта, на истиот прв ден на седмицата, додека вратата, каде беа собрани учениците, беше затворена поради страв од Јудеј-ците, Исус дојде, застана насреде и им рече: „Мир вам!“ Откако го рече тоа им ги покажа рацете и ребрата. И учениците се зарадуваа, кога Го видоа Господа.