Јован 19:28-30
Јован 19:28-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа, знаејќи дека целокупното Негово дело е завршено, а за да се исполни Светото Писмо, Исус рече: „Жеден сум!“ Таму имаше еден сад полн со вински оцет. Откако закачија сунѓер натопен во винскиот оцет на една прачка од хисоп, Му го принесоа до устата. Штом вкуси од винскиот оцет, Исус рече: „Се сврши!“ Потоа ја наведна главата и умре.
Јован 19:28-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
По ова, знаејќи Исус дека сѐ е свршено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум.“ Таму стоеше сад, полн со оцет. Тие наквасија сунѓер во оцетот, го закачија на трска и Му принесоа до устата Негова. А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!“ И кога ја наведна главата, го предаде духот.
Јован 19:28-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
По ова Исус, знаејќи дека е свршено сѐ, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден Сум!“ Та-му имаше сад, полн со оцет; тогаш закачија на трска сунѓер наквасен во оцетот и Му поднесоа до Неговата уста. Штом Исус го прими оцетот, рече: „Се сврши!“ па ја наведна главата и го предаде духот.