Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 19:1-19

Јован 19:1-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш Пилат нареди Исус да биде камшикуван. Војниците исплетоа венец од трње, Му го ставија на главата и Му облекоа пурпурна наметка. Потоа одеа околу Него и викаа: „Здраво, царе на Евреите!“ и Го удираа со тупаници. Пилат повторно излезе надвор, па им рече на Евреите: „Еве, ќе ви Го изнесам надвор, но да знаете дека не најдов никаква вина кај Него!“ Тогаш Го изведоа Исуса со трнов венец на главата и со пурпурната наметка. Пилат им рече: „Еве Го човекот!“ Кога Го видоа свештеничките поглавари и гардистите на храмот почнаа да викаат: „Распни Го! Распни Го!“ Пилат им рече: „Земете Го, и самите распнете Го, зашто јас не најдов никаква вина кај Него!“ Евреите му одговорија: „Тој тврдеше дека е Божјиот Син! Според нашиот верски Закон Тој мора да биде осуден на смрт!“ Кога го слушна тоа, Пилат уште повеќе се исплаши, па влезе повторно во палатата и Му рече на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му одговори. „Зар одбиваш да зборуваш со мене!?“ - му рече тогаш Пилат. „Зар не знаеш дека јас имам власт да те пуштам или да те распнам!?“ Исус му одговори: „Да не ти беше дадена од Бога, ти немаше да имаш никаква власт над Мене. Затоа, оној што Ме предаде е виновен за поголем грев.“ Кога го слушна ова, Пилат сакаше да Го ослободи, но Евреите упорно викаа: „Ако го пуштиш овој човек - не си му пријател на римскиот цар! Секој што себеси се прогласува за цар, се бунтува против римскиот цар!“ Кога Пилат го слушна тоа, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот престол, на местото наречено Плочник (на хебрејски: Габата). Беше околу пладне, ден пред празникот Пасха. Тогаш тие се развикаа: „Убиј го! Убиј го! Распни го!“ Пилат им рече: „Зар вашиот цар да Го распнам!?“ “Ние немаме друг цар освен римскиот цар!“ - му одговорија свештеничките поглавари. Тогаш Пилат им Го предаде, за да Го распнат. Тие Го одведоа Исуса. Носејќи го сам крстот, Исус дојде до местото наречено Череп, кое на арамејски јазик се вика Голгота. Таму Го распнаа, заедно со уште други двајца: едниот од едната, другиот од другата страна на Исус. Пилат нареди на дрвена плоча да се напише обвинението и да се прицврсти на крстот. Текстот гласеше: „Исус од Назарет, цар на Евреите.“

Јован 19:1-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш Пилат Го зеде Исус и Го предаде да го камшикуваат. Војниците сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница, и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ – и Го удираа по образите. Пилат пак излезе надвор и им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да раз­берете дека не наоѓам во Него никаква вина.“ Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец, и багреница. И им рече Пилат: „Еве Го Човекот!“ А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: „Распни Го, распни!“ Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам во Него вина.“ Јудејците му одговорија: „Ние има­ме Закон и според нашиот Закон Тој треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.“ Кога го чу Пилат овој збор, уште повеќе се исплаши. И пак влезе во преторијата и Му ре­че на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му даде одговор. Пилат Му рече: „Мене ли не ми од­говараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуш­там!?“ Исус одговори: „Ти не би имал ни­каква власт над Мене ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној што Ме предаде на тебе.“ Оттогаш Пилат гледаше да Го пуш­ти. Но Јудејците пак викаа, зборувајќи: „Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на цезарот. Секој што се прави цар, противник му е на цезарот.“ Штом го чу овој збор, Пилат Го из­веде Исус надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Литос­тро­тон, а по еврејски Гавата. Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“ Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?“ Првосвештениците одго­во­рија: „Ние немаме цар, освен це­за­рот.“ И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус, и Го поведоа. И носејќи го Својот крст, Тој излезе на местото наречено Черепница, а по еврејски Голгота; таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус. Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус од Назарет, цар Јудејски.“

Јован 19:1-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш Пилат Го зеде Исуса и Го бичуваше. А војни-ците исплетоа венец од трња, Му го ставија на главата и Го наметнаа со пурпурна облека, и се приближија до Него и велеа: „Здраво, Јудејски Цару!“ И Му удираа плесници. Потоа Пилат излезе пак и им рече: „Еве, Го изведувам пред вас, за да знаете дека не наоѓам никаква вина во Него.“ А Исус излезе надвор, носејќи трнов венец и облека. И Пилат им рече: „Еве Го Човекот!“ Но, кога првосвештениците и нивните слу-жбеници Го видоа, извикаа, велејќи: „Распни! Распни!“ Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам вина во Него.“ Јудејците Му одговорија: „Ние имаме Закон и според Законот Тој треба да умре, зашто Сам се направи Божји Син.“ А кога Пилат го чу тој збор, уште повеќе се уплаши. И пак влезе во преторијата и Му рече на Исуса: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му одговори. Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам и дека имам власт да Те ослободам? Исус одговори: „Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној, кој Ме предаде на тебе.“ Отто-гаш Пилат настојуваше да Го ослободи; но Јудејците викаа, велејќи: „Ако Го ослободиш Овој, не си му пријател на ќесарот; секој кој се прави цар, противник му е на ќесарот!“ Штом Пилат ги чу тие зборови, Го изведе Исуса надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Плочник, а на евреј-ски Гавата. А беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, и им рече на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“ Но тие викаа: „Земи, земи! Распни Го!“ Пилат им рече: „Да Го распнам ли вашиот Цар?“ Првосвештениците одго-ворија: „Ние немаме цар, освен ќесарот!“ Тогаш им го предаде за да биде распнат. Тогаш Го зедоа Исуса. А Тој, носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Лобно, а на еврејски Голгота; каде Го распнаа, и со Него други двајца, од едната и од другата страна, а Исуса во средина. А Пилат напиша и натпис и го стави на крстот; а беше напишано: „Исус Назареец, Јудејски Цар.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност