Јован 18:25-27
Јован 18:25-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Симон Петар стоеше и се грееше. И му рекоа: „Да не си и ти од учениците Негови?“ Тој порекна и рече: „Не сум.“ Еден од слугите на првосвештеникот, што му беше роднина на оној кому Петар му го беше отсекол увото, рече: „Нели те видов и тебе во градината со Него?“ А Петар пак порекна; и веднаш запеа петел.
Јован 18:25-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Додека Симон Петар се уште стоеше таму и се грееше, некој го праша: „Да не си и ти еден од учениците на Оној човек?“ Петар вторпат одрече, велејќи: „Не сум!“ Еден од слугите на Првосвештеникот, кој му беше роднина на Малхус, на кого Петар му го отсече увото, рече: „Зар не те видов и тебе во градината со Оној човек?“ Петар третпат одрече и во тој момент запеа петел.
Јован 18:25-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Симон Петар стоеше таму и се грееше. И му рекоа: „Да не си и ти од Неговите ученици?“ Тој одрече: „Не сум.“ Еден од слугите на првосвештеникот, роднина на оној, кому Петар му го отсече увото, рече: „Нели јас те видов во градината со Него?“ Но Петар одрече повторно, и веднаш запеа петел.