Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 17:1-26

Јован 17:1-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој, како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот. А животот вечен е тоа, да Те позна­ат Тебе Единиот вистински Бог, и ис­пратениот од Тебе Исус Христос. Јас Те прославив на Земјата; го из­вршив делото, што си ми го дал да го извршам. И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Те­бе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане. Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово. Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе; зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и раз­браа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил. Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. И сѐ Мое е Твое, и Твоето – Мое, и се прославив во нив. Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, ка­ко што сме и Ние. Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не по­гина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото. А сега се враќам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе Мојата полна радост. Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото. Тие не се од светот, како и Јас што не сум од него. Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина. Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот. И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината. Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние. Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сѐ едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби. Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто ме возљуби уште пред да се создаде светот. Оче Праведен, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме испратил; и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме воз­љуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.“

Јован 17:1-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Откако Исус ги искажа овие работи, го подигна погледот кон небото и почна да се моли: ”Татко, дојде часот да Го прославиш Својот Син, за да може Синот да Те прослави Тебе; зашто, Ти Му даде власт над сите луѓе, да може да им даде вечен живот на сите оние што Му ги имаш дадено. А вечен живот е ова: да Те познаат Тебе, единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати‘. Јас Ти донесов слава овде на Земјата со тоа што ја извршив задачата што Ти ми ја довери. А сега, Татко, врати ми ја одново славата што ја имав со Тебе пред создавањето на светот. Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот. Твои беа, но Ти ми ги даде и тие ја послушаа Твојата порака. Сега знаат дека се што имам, Ти Си ми го дал, зашто пораката што Ти ми ја даде, им ја пренесов и тие ја прифатија. Сега знаат дека од Тебе дојдов и веруваат дека Ти Ме испрати. Јас се молам за нив; не се молам за оние што му припаѓаат на светот, туку за оние што ми ги даде, зашто се Твои. Се што имам Јас е Твое, и се што имаш Ти е Мое; тие ќе ми донесат слава. Свети Татко! Јас повеќе не сум во светот, зашто се враќам кај Тебе, но тие остануваат во светот. Зачувај ги преку силата на Своето име што Ти ми го даде, за да бидат едно, како што Ти и Јас сме едно. Додека бев со нив, Јас ги чував преку силата на Твоето име што Ти ми го даде, и ги зачував. Никој од нив не се загуби, освен синот на пеколот, за да се потврди претскажаното во Светото Писмо. А сега, Јас се враќам кај Тебе и овие работи ги кажувам додека сум се уште во светот, за Моите следбеници да ја имаат во себе истата, целосна радост, што ја имам Јас. Јас им ја предадов Твојата порака, но светот ги замрази, зашто тие не му припаѓаат на светот, исто како што ни Јас не му припаѓам на светот. Татко! Не Те молам Моите следбеници да ги земеш од светот, туку да ги чуваш од Злиот. Тие не му припаѓаат на светот, како што ни Јас не му припаѓам на светот. Твојот збор е вистина. Направи ги свети преку вистината. Јас ги испраќам во светот, како што Ти Мене Ме испрати во светот. Јас се посветив за нив, за и тие да и бидат посветени на вистината. Не молам само за овие Мои следбеници, туку и за оние што ќе поверуваат во Мене како резултат на нивното проповедање, па така сите да бидат едно. Како што си Ти Татко во Мене и Јас во Тебе, така и тие да бидат во Нас, за да поверува светот дека Ти Ме испрати. Јас им ја дадов истата слава што Ти ми ја даде, за да бидат едно, како што Ти и Јас сме едно. Јас сум во нив, а Ти си во Мене; така и тие да бидат во целосно единство и светот да сфати дека Ти Ме испрати и дека ги сакаш Моите следбеници исто како што Ме сакаш Мене. Татко, сакам да бидат таму со Мене сите што Ми ги имаш дадено, за да ја гледаат Мојата слава, што ми ја даде Ти, зашто Ме засака уште пред да биде создаден светот! Праведен Татко! Светот Тебе не Те познава, но Јас Те познавам, а Моите следбеници сфатија дека Ти Ме испрати. Јас им објавив за Тебе и ќе продолжам да Те објавувам. Тогаш љубовта што ја имаш Ти спрема Мене ќе стане дел од нив и Јас ќе бидам во единство со нив.“

Јован 17:1-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кога Исус го изговори тоа, ги подигна очите кон небо-то и рече: „Татко, часот дојде! Прослави Го Својот Син, за да Те прослави Синот Тебе, како што си му дал власт над секое тело, па да му даде на сѐ - што си Му дал - вечен живот. А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. Јас Те про-славив на земјата, го свршив делото, што Ми го даде да го извршам; а сега, Татко, прослави Ме Ти - во Себе Самиот - со славата што ја имав при Тебе, пред создавањето на светот.“ “Им го јавив Твоето Име на луѓето, кои Ми ги даде од светот. Твои беа, и Ми ги даде Мене, и го запазија Твоето Слово. Сега сознаа дека е од Тебе сѐ, што си Ми дал; зашто зборовите, што Ми ги даде, им ги предадов ним, а тие ги примија и навистина сознаа дека излегов од Тебе, и поверуваа дека Ти Ме испрати. Јас се молам за нив; не се молам за светот, туку за оние, кои Ми ги даде, зашто се Твои, и сѐ Мое - е Твое, и Твоето - Мое; и се прославив во нив. И не Сум повеќе во светот, а тие се во светот, Јас идам при Тебе. Свети Татко, запази ги во Твое име оние, кои Ми ги даде, за да бидат едно, како што Сме и Ние. Додека бев со нив, Јас ги чував во Твое име оние, кои Ми ги даде, и ги запазив, па ниеден од нив не погина, освен синот на гибелта за да се исполни Писмото. А сега идам при Тебе, и го зборувам ова во светот, за да ја имаат Мојата радост полна во себе. Јас им го предадов Твоето Слово и светот ги замрази, зашто не се од светот, како што и Јас не Сум од светот. Не Те молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од лукавиот. Тие не се од светот, како што ни Јас не Сум од светот. Освети ги во Својата вистина, Твоето Слово е вистината. Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив во светот; За нив се осветувам Себеси, за да бидат и тие осветени во вистината. Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене, за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати. И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно; Јас во нив, а Ти во Мене, за да бидат совршени во едно, за да знае светот дека Ти си Ме испратил, и дека ги љубеше нив, како што Ме љубеше Мене. Татко, сакам оние, кои си Ми ги дал, да бидат со Мене таму каде што Сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава, што Ми ја даде, зашто Ме љубеше пред создавањето на светот. Праведен Татко, светот не Те запозна, а Јас Те запознав, и овие познаа дека Ти си Ме пратил. Им го објавив Твоето име и ќе го објавувам, па љубовта, со која Ме возљуби, да биде во нив, и Јас во нив.“