Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 16:5-16

Јован 16:5-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

„А сега заминувам кај Оној што Ме испрати, па сепак, никој од вас не Ме прашува: ?Каде заминуваш?‘ Кога ви го кажав сето ова, срцата ви се исполнија со тага. Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам. Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот. Нивниот грев е во тоа што не веруваат во Мене. Тие не ја согледаа Божјата правда, зашто Јас заминувам кај Таткото и повеќе нема да Ме гледате. Тие не ја сфатија вистината за Судот, зашто кнезот на овој свет е веќе осуден. Уште многу имам да ви зборувам, но сега не сте во состојба да поднесете. Кога ќе дојде Духот на вистината, Тој ќе ве води во целосната вистина, зашто Тој нема да зборува Сам од Себе, туку ќе го зборува тоа што од Мене ќе го чуе, и ќе ви ја открие иднината. Светиот Дух ќе Ме прослави Мене со тоа што ќе ви ја пренесе Мојата порака. Се што има Таткото е Мое. Затоа ви реков дека Духот ќе ја земе пораката од Мене и ќе ви ја пренесе вам.“ „Уште малку, па веќе нема да Ме гледате, но по извесно време пак ќе Ме видите.“

Јован 16:5-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„А сега одам кај Оној Кој Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘ Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага. Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дој­де кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд: за грев – дека не веруваат во Мене; за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите; а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден. Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ви ја најави иднината. Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави. Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.“ „Уште малку, и нема да Ме гледате, и по малку, пак ќе Ме видите, зашто си одам кај Отецот.“

Јован 16:5-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

“А сега одам при Оној, Кој Ме пратил, и никој од вас не Ме праша: ‘Каде одиш?’ Туку, ваше-то срце се наполни со тага, зашто ви го кажав тоа. Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам. А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. За грев - зашто не веруваат во Мене; за правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите; за суд - зашто е осуден кнезот на овој свет. Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. Тој ќе Ме про-слави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви јави. Сѐ што има Таткото - Мое е; затоа реков дека ќе земе од Моето и ќе ви јави.“ Уште малку и веќе не ќе Ме гледате, и пак малку и ќе Ме видите.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност