Јован 16:5-11
Јован 16:5-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„А сега заминувам кај Оној што Ме испрати, па сепак, никој од вас не Ме прашува: ?Каде заминуваш?‘ Кога ви го кажав сето ова, срцата ви се исполнија со тага. Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам. Кога Светиот Дух ќе дојде, ќе му ја објави на светот вистината за гревот, за Божјата правда и за Судот. Нивниот грев е во тоа што не веруваат во Мене. Тие не ја согледаа Божјата правда, зашто Јас заминувам кај Таткото и повеќе нема да Ме гледате. Тие не ја сфатија вистината за Судот, зашто кнезот на овој свет е веќе осуден.
Јован 16:5-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„А сега одам кај Оној Кој Ме испрати, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘ Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага. Но Јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам. А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд: за грев – дека не веруваат во Мене; за правда – оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите; а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден.
Јован 16:5-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“А сега одам при Оној, Кој Ме пратил, и никој од вас не Ме праша: ‘Каде одиш?’ Туку, ваше-то срце се наполни со тага, зашто ви го кажав тоа. Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам. А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. За грев - зашто не веруваат во Мене; за правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите; за суд - зашто е осуден кнезот на овој свет.