Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 16:25-33

Јован 16:25-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

„Ова во параболи ви го кажав; но ќе дојде час кога нема веќе во параболи да ви зборувам, туку откриено ќе ве известам за Отецот. Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Отецот ќе го помолам за вас; бидејќи Отецот Сам ве сака, зашто вие Ме засакавте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога. Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и се вра­ќам кај Отецот.“ Му рекоа учениците Негови: „Еве, сега откриено зборуваш и никаква па­рабола не кажуваш. Сега знаеме дека знаеш сѐ и нема потреба никој да Те прашува. Заради тоа веруваме дека од Бога си излегол.“ Исус им одговори: „Сега ли верува­те? Ете, иде часот, и веќе настапува, да се разбегате секој кај своите, а Мене Сам да Ме оставите; но Јас не сум Сам, бидејќи Отецот е со Мене. Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.“

Јован 16:25-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

„Се користев со споредби за да ви го објаснам тоа што сакав да ви го кажам. Доаѓа време кога нема повеќе да се служам со споредби, туку отворено ќе ви кажувам за небесниот Татко. Во тој ден ќе барате во Мое име и не ќе има потреба Јас да Го молам Таткото за вас, зашто, Таткото и Самиот ве сака, бидејќи вие Мене Ме засакавте и поверувавте дека Јас дојдов од Бога. Јас дојдов од Таткото и влегов во светот. Сега заминувам од светот и се враќам кај Таткото.“ Неговите ученици рекоа: „Ете, сега ни зборуваш отворено и не се служиш со споредби. Сега знаеме дека Ти разбираш се и нема потреба да Те прашуваме. Поради тоа, ние веруваме дека Ти си дојден од Бог.“ Исус им одговори: „Велите дека сега верувате? Еве, доаѓа часот, и веќе е дојден, кога ќе се разбегате, секој на своја страна, а Мене ќе Ме оставите Сам. Сепак, Јас нема да бидам сам, зашто Таткото ќе биде со Мене. Овие работи ви ги кажав, за да имате мир преку единство со Мене. Додека сте во светот, ќе доживувате страдања, но разведрете се - Јас го поразив светот!“

Јован 16:25-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ова ви го зборував во слики; доаѓа час кога нема да ви зборувам веќе во слики, туку ќе ви зборувам отворено за Таткото. Во тој ден ќе барате во Мое име; и не ви велам дека Јас ќе Го молам Мојот Татко за вас; зашто Самиот Татко ве љуби, зашто вие Ме љубевте Мене и верувавте дека Јас Сум излегол од Бога. Излегов од Таткото и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и одам при Таткото.“ Неговите ученици рекоа: „Еве, сега зборуваш отво-рено, и не зборуваш во слики. Сега знаеме дека знаеш сѐ и нема потреба некој да Те прашува; затоа веруваме дека си излегол од Бога.“ Исус им одговори: „Сега ли верувате? Еве, иде часот, и веќе дојде, за да се разбегате секој на своја страна и да Ме оставите Мене Сам; но сепак не Сум Сам, зашто Татко Ми е со Мене. Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Имате неволја во светот; но бидете храбри - Јас го победив светот.“