Јован 15:9-14
Јован 15:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. Вие сте Ми пријатели ако го вршите она што ви заповедам Јас.
Јован 15:9-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Јас ве сакам исто како што и Таткото Ме сака Мене. Останете под закрилата на Мојата љубов. Вие ќе останете под закрила на Мојата љубов, ако ги извршувате Моите заповеди, исто како што Јас ги исполнив заповедите на Мојот Татко и останувам под закрила на Неговата љубов. Ова ви го кажав за да бидете наполно радосни, како што Сум Јас. Сега ви заповедам: Сакајте се меѓу себе како што Јас ве сакам. Најголема љубов што некој може да ја искаже спрема своите пријатели е да го даде својот живот за нив. Ќе ве сметам за Мои пријатели, ако го извршувате она што ви го заповедам.
Јован 15:9-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна. Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели. Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам.