Јован 15:8-11
Јован 15:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога вие ќе станете Мои плодотворни ученици, тоа ќе Му донесе слава на Мојот небесен Татко. Јас ве сакам исто како што и Таткото Ме сака Мене. Останете под закрилата на Мојата љубов. Вие ќе останете под закрила на Мојата љубов, ако ги извршувате Моите заповеди, исто како што Јас ги исполнив заповедите на Мојот Татко и останувам под закрила на Неговата љубов. Ова ви го кажав за да бидете наполно радосни, како што Сум Јас.
Јован 15:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Со тоа ќе се прослави Мојот Отец: да носите многу плод и да бидете Мои ученици. Како што Ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во љубовта Моја, како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков за да остане радоста Моја во вас и радоста ваша да биде полна.
Јован 15:8-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мојот Татко се прославува со тоа, што ќе давате многу плод и ќе бидете Мои ученици. Како што Таткото Ме возљуби Мене, така и Јас ве возљубив вас. Останете во Мојата љубов! Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов. Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.