Јован 15:12-15
Јован 15:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сега ви заповедам: Сакајте се меѓу себе како што Јас ве сакам. Најголема љубов што некој може да ја искаже спрема своите пријатели е да го даде својот живот за нив. Ќе ве сметам за Мои пријатели, ако го извршувате она што ви го заповедам. Не ви зборувам како на Мои слуги, зашто слугите не знаат што прави нивниот господар, туку ве сметам за пријатели, и затоа ви го објавив сето она што Ми го кажа Мојот небесен Татко.
Јован 15:12-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. Вие сте Ми пријатели ако го вршите она што ви заповедам Јас. Веќе не ве нарекувам слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, бидејќи ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец.
Јован 15:12-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас. Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели. Вие сте Ми пријатели - ако го вршите она, што Јас го заповедам. Не ве наречувам веќе слуги; зашто слугата не знае што прави неговиот господар; а вас ве нареков пријатели, зашто ви соопштив сѐ што чув од Мојот Татко.