Јован 14:5-7
Јован 14:5-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тома Му рече: „Господе, ние не знаеме ни каде заминуваш! Како, тогаш, можеме да го знаеме патот!?“ Исус му одговори: „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко. Ако Ме познавате Мене, Го познавате и Мојот Татко. Отсега Го знаете и сте Го виделе.“
Јован 14:5-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?“ Исус му рече: „Јас сум Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.“
Јован 14:5-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш! Како може-ме да го знаеме патот?“ Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене. Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Татко. А отсега Го познавате и сте Го виделе!“