Јован 14:23-24
Јован 14:23-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус му одговори: „Ако некој Ме сака, ќе му се покорува на Моето учење. Тогаш Мојот Татко ќе го засака и Ние ќе дојдеме кај тој човек и во него ќе живееме. А тој што не Ме сака, нема да му се покорува на Моето учење. Зборовите што ги слушате не се Мои, туку на Оној што Ме испрати, а тоа е небесниот Татко.
Јован 14:23-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Исус одговори и му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе направиме. Кој не Ме љуби, не го запазува словото Мое; а словото што го слушате, не е Мое, туку на Мојот Отец, Кој Ме испрати.
Јован 14:23-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исус во одговор му рече: „Ако некој Ме љуби, ќе го држи Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: при него ќе дојдеме и при него ќе се настаниме. Кој не Ме љуби, не ги држи Моите зборови; а Словото што го слуша-те, не е Мое, туку е од Мојот Татко, Кој Ме испрати.“